Математичка економија
Студиската програма на насоката математичка економија со своите наставни содржини и методи на настава на студентите им овозможува стекнување широки знаења од областа на математиката со акцент на содржини што непосредно се применуваат во областа на економските науки. Целта на оваа студиска програма е формирање експерти способни да решаваат сложени математички проблеми од областа на банкарскиот и осигурителниот сектор, во берзантски и во брокерски активности, при управување на пензиски и здравствен фонд, во јавни управи, агенции и др. Со совладување на оваа програма студентите добиваат широки познавања од математиката, основни познавања од информатиката, економијата и финансиите. Студентите се стекнуваат со способност за апстрактно и логичко мислење и анализирање на проблемите, примена на знаењето при решавање на практични проблеми. Студентите се оспособуваат за решавање недетерминистички проблеми (со помош на теоријата на веројатност и статистика), за решевање на детерминистички проблеми (со помош на методи од оптимизација и операциони истражувања). Овие стручни лица имаат можност за вработување во банките, осигурителните компании, берзантските и брокерските фирми, пензиските и здравствените фондови, во јавни управи и агенции, во приватен сектор, како статистичари, аналитичари, консултанти, истражувачи на пазарот. Стручниот назив со кој се стекнуваат дипломираните кадри на оваа насока е дипломиран математичар - инженер по математичка економија (Graduated Mathematician - Engineer in Mathematical Economy).
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ