Математичко програмирање
Студиската програма на насоката математичко програмирање со своите наставни содржини и методи на настава на студентите им овозможува стекнување широки знаења од областа на математиката со акцент на содржини што непосредно се применуваат во техниката и високите технологии. Со совладување на оваа програма студентите добиваат широки познавања од математиката, математичкото моделирање и програмирање, студентите се стекнуваат со способност за апстрактно и логичко мислење и анализирање на проблемите, примена на знаењето при решавање на практични проблеми. Студентите се оспособуваат за решавање недетерминистички проблеми (со помош на теоријата на веројатност и статистика), за решевање на детерминистички проблеми (со помош на методи од оптимизација и операциони истражувања). Овие стручни лица имаат можност за вработување во индустријата, во секторите за планирање и операционен менаџмент, секторите за моделирање и симулации, секторот за софтверски развој и подршка, во јавни управи и агенции, во приватен сектор и на сите места каде што има потреба од мултидициплинарна работа и/или статистичка обработка на податоците. Стручниот назив со кој се стекнуваат дипломираните кадри на оваа насока е дипломиран инженер по математичко програмирање (Graduated Mathematician - Engineer in Mathematical Programming).
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ