IM-PMF
  • Home
  • About
    • People >
      • Academic Staff
      • Administrative Staff
      • Previous Academic Staff
    • Chairs >
      • Algebra and Geometry
      • Analysis
      • Topology
      • Applied Mathematics
    • Library >
      • Textbooks
  • Studies
    • Undergraduate Studies >
      • Accredited Program 2017/2018
      • Accredited Program 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Математичко програмирање
        • Математика-информатика (наставна)
        • Математика-информатика (применета)
        • Математика-физика
    • Master Degree Studies >
      • Математички науки и примени
      • Мат. образование во основно и средно учили
      • Мат. статистика, актуарство и мат.моделира
      • Нумеричка оптимизација и апроксимации
    • PhD Studies
  • Research
    • Conferences
    • Lectures
    • Projects
    • Publications
  • Career centre
  • Portal
  • Gallery
  • Contact
  • MK
Почетна > Настава > Трет циклус студии

Трет циклус студии


СОДРЖИНА НА СТУДИСКАТА ПРОГРАМА
Воведувањето на третиот циклус - докторски студии како вистински студии со напуштање на досегашниот начин на стекнување докторат на науки, претставува една од најзначајните реформи во високото образование на Република Македонија, па оттаму, и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Траење на студиите 
Докторските студии нa насоката Математички науки и примени траат три години, што изнесува 180 ЕКТС-кредити.

Наставен план 
Студиските програми се состојат од:
1. обука за истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
2. едукација, што изнесува 30 ЕКТС-кредити;
3. пријава, изработка и одбрана на докторската дисертација, што изнесува 120 ЕКТС-кредити.

Обука за истражување
  • три предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити (сите предмети од оваа група изнесуваат 4 кредити), и тоа:
  • предметот научноистражувачка етика 
  • еден предмет од групата предмети методологија на истражување 
  • еден предмет од понудената листа на други предмети од обуката за истражување, која по предлог на носителите на студиските програми, ја потврдува Универзитетскиот стручен совет за докторски студии 
  • докторски семинари, конференции и работилници од истражувачка практика, што изнесува 18 ЕКТС-кредити.
  • ДОКТОРСКИ СЕМИНАРИ
Едукацијата опфаќа предмети од полето, областа и од потесната област на истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити.

Развојот на математиката како наука во Македонија датира од многу оддамна, уште од самите зачетоци на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Првиот доктор на науки кој докторирал на УКИМ е доктор на математички науки, академикот Благој Попов, кој ја одбранил својата докторска дисертација во 1952 година на тогашниот Филозофски факултет при УКИМ, на кадесрата по математика, која подоцна прераснува во Институт за математика. Од тогаш, на Институтот за математика имаат докторирано солиден број на докторанти. Ова е списокот на лицата што се стекнале со звањето доктор на математички науки на Институтот за метаматика:
  • ДОКТОРИ НА МАТЕМАТИЧКИ НАУКИ

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.