Втор циклус студии
Вториот циклус студии по математика (магистерски студии) им овозможуваат на студентите да ги профилираат своите знаења во специјалности, зависно од нивните лични желби и/или од општествените потреби. На вториот циклус студии, од учебната 2014/2015 година, акредитирани се четири студиски програми по: Математички науки и примени, Математичко образование во основно и средно училиште, Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија и Нумеричка оптимизација и апроксимации.
Покрај предметите кои ги нуди Институтот за математика, заради сопствено надоградување и доусовршување, на студентите на вториот циклус студии им се препорачува посета на некој надворешен курс: |
Документи и соопштенија за упис на вториот циклус студии
Задолжително електронско пријавување на студентите кои конкурираат за упис на втор циклус студии на www.upisi.ukim.edu.mk. Студентите кои веќе поднеле пријава во Архивата на ПМФ исто така треба да ја пополнат електронската пријава.
Кандидатот е должен да поднесе пријава за конкурирање за запишување на втор циклус студии во роковите утврдени во конкурсот, со назнака за која студиска програма конкурира. Покрај пријавата, кандидатот е должен да ги приложи сите документи утврдени во конкурсот.
Документи и соопштенија за примените кандидати на вториот циклус студии
По примањето на кандидатите на втор циклус студии на ИМ, тие се должни да изберат предмети од листата предмети за првиот семестар. При уписот на вториот семестар студентот избира област под менторство на избран ментор и предмети од листата предмети за вториот семестар. Кандидатот, во договор со менторот, може да избере предмет(и) што не се од листата, а се во согласност со предложената област.
Во рамките на наставата на вториот циклус студии, студентите, покрај полагањето на предметите за време на закажаните термини за испит, повремено го излагаат усвоениот материјал преку семинари:
Во рамките на наставата на вториот циклус студии, студентите, покрај полагањето на предметите за време на закажаните термини за испит, повремено го излагаат усвоениот материјал преку семинари:
Магистерска работа
- Кандидатот, по положувањето на предвидените задолжителни и изборни предмети, предлага ментор и пријавува тема за магистерска работа во соработка со менторот. На предлог на Стручниот Совет на ИМ, Наставно-научниот совет на ПМФ му одредува на кандидатот ментор и тема за магистерска работа. За ментор се назначува наставник којшто е афирмиран во областа од која е магистерскиот труд.
- Информатор за II циклус студии на ИМ
- Кандидатот ги завршува студиите со јавна одбрана на магистерската работа.
Во својата долгогодишна традиција, од Институтот за математика имаат излезено голем број на квалитетни магистерски работи. Ова е списокот на лицата кои магистрирале на Институтот за математика:
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ