IM-PMF
  • Home
  • About
    • People >
      • Academic Staff
      • Administrative Staff
      • Previous Academic Staff
    • Chairs >
      • Algebra and Geometry
      • Analysis
      • Topology
      • Applied Mathematics
    • Library >
      • Textbooks
  • Studies
    • Undergraduate Studies >
      • Accredited Program 2017/2018
      • Accredited Program 2012/2013 >
        • Наставна математика
        • Теориска математика
        • Математичка економија
        • Математичко програмирање
        • Математика-информатика (наставна)
        • Математика-информатика (применета)
        • Математика-физика
    • Master Degree Studies >
      • Математички науки и примени
      • Мат. образование во основно и средно учили
      • Мат. статистика, актуарство и мат.моделира
      • Нумеричка оптимизација и апроксимации
    • PhD Studies
  • Research
    • Conferences
    • Lectures
    • Projects
    • Publications
  • Career centre
  • Portal
  • Gallery
  • Contact
  • MK
Почетна > Настава > Втор циклус студии > Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија

Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија


Назив на студиската програма
  • Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија
  • Master Studies in Mathematical Statistics, Actuarial Mathematics and Mathematical Modeling in Economy

Наставен план

Студиската програма Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија на вториот циклус студии се состои од 4 задолжително-изборни предмети и два изборни предмета. Од четирите задолжително-изборни предмети, 3 се избираат од листа В1, а 1 се избира од листа В2. Двата изборни предмета се избираат од листата В2 на изборни предмети и од универзитетската листа на изборни предмети за втор циклус студии. Листата В2 може да се дополнува со изборни предмети во зависност од изборот на областа на кандидатот и полето на научен интерес. Преку изборните предмети студентите го продлабочуваат своето знаење од одредена научна област од математиката, а која е поле на нивен интерес. Сите предмети носат 7 кредити и имаат фонд од 2 часа предавања и 2 часа вежби.

Прв семестар
  • Изборен предмет 1 од листа В1 (7 кредити)
  • Изборен предмет 2 од листа В1 (7 кредити)
  • Изборен предмет 3 од листа В1 (7 кредити)
  • Изборен предмет од листа В2 (7 кредити)

Листа В1

  • Моделирање на економски процеси
  • Одбрани делови од финансиска и актуарска математика
  • Теорија на веројатност и математичка статистика
  • Модели во актуарска математика

Втор семестар

  • Изборен предмет од листа В2 (7 кредити)
  • Изборен предмет од универзитетската листа на изборни предмети за втор циклус студии (7 кредити)
  • Листа В2 

Услови за запишување на студиите

На студиските програми по Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија имаат право на запишување лица кои:
  • завршиле прв циклус студии по математичка економија, математичко програмирање, теориска математика.
  • завршиле прв циклус студии по наставна математика со евентуално полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии. 
  • завршиле додипломски студии (стари студии VII/1) по теориска математика, наставна математика.
  • завршиле прв циклус академски студии на некој од економските факултети, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии.
  • завршиле прв циклус академски студии на други факултети, со евентуално претходно полагање на диференцијални испити кои ќе ги одреди Колегиумот на вториот циклус студии. 
  • завршени сродни специјалистички студии од соодветно научно подрачје со претходно полагање на диференцијални испити што ги одредува Колегиумот на вториот циклус студии.

Траење на студиите

Наставата се реализира во текот на една учебна година (2 семестри), со вкупна вредност од 60 кредити.

Стручен/научен назив
Кандидатот ги завршува студиите со јавна одбрана на магистерскиот труд и се стекнува со 60 ЕКТС кредити, согласно член 116 од Законот за високо образование на РМ и согласно член 44 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии на УКИМ во Скопје, а според студиската програма се стекнува со соодветен назив и диплома:
  • Магистер по Математичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија
  • Master of Mathematical Statistics, Actuarial Mathematics and Mathematical Modeling in Economy / Англиски транскрипт на називот

Општи и специфични компетенции

Студиската програма по Мaтематичка статистика, актуарство и математичко моделирање во економија нуди основа за продлабочување на знаењата од областа на статистиката, актуарството и математичкото моделирање во економијата на сегашните и идните вработени во банкарскиот сектор, осигурителните друштва, пензиски и здравствени фондови, владини агенции, консултативни компании и други вакви организации. Магистрите на оваа програма имаат можност за вработување во било кој сектор како статистички аналитичари, финансиски аналитичари, консултанти, истражувачи на пазарот. Студентите на оваа студиска програма се стекнуваат со потребните математичките занаења кои се применуваат во актуарската професија.

Координатор на студиската програма: 
проф. д-р Весна Манова Ераковиќ 
e-mail: vesname@pmf.ukim.mk

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ
Powered by Create your own unique website with customizable templates.