Проф. д-р Ристо Малчески
Роден на 9 август 1957 г. во Р. Србија. Основно образование завршил во Прилеп, а средно во Скопје. На 22.12.1980 г., како најдобар студент во генерацијата, дипломирал на Математичкиот факултет во Скопје и за постигнатиот успех во текот на студирањето бил награден од Ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј". Магистрирал на 11.6.1991 на Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема "Субнормални оператори", а докторирал на 4.2.1998 на тема "Прилог кон теоријата на n-нормираните простори". По докторирањето, во 1999 бил избран за доцент од областа на математичката анализа на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје, кадешто премина од Технолошкиот факултет. Во периодот на неговата работа на ПМФ,1999-2003, реализираше настава по: математика 1 и 2 за студентите по физика, математика 2 за студентите по математика-физика, методика на наставата по математика, веројатност, а беше ангажиран и во реализирањето на постдипломските студии, како ментор. До неговото заминување од ПМФ во септември 2003г. објави 14 труда, поголем број стручни статии, учествуваше на научни собири, а успеа да објави и три книги, од кои книгата "Методика на наставата по математика" се користи во наставата и денес. Во периодот од 1987 до 2004 г. активно работеше во Сојузот на математичарите на Македонија, чиј претседател беше од 1999 до 2004 г.. Во овој период, учествуваше во организацијата на Балканските математички олимпијади, кои во нашата држава се одржаа во 1999 и 2000 г. и на Вториот конгрес на СММ, кој се одржа во 2000 г.. Неколку години беше и главен и одговорен уредник на списанијата за популаризација на математиката "Нумерус" и "Сигма", период во кој ја формираше библиотеката на списанието "Сигма". Во повеќе наврати, како заменик - водач на македонската екипа, има учествувано на меѓународните и на балканските математички олимпијади за ученици и во подготовките на екипата.Во учебната 2003/04 година премина на приватната институција Факултет за општествени науки во Скопје (сега Европски универзит во Скопје), каде што беше избран за вонреден професор, и на кој ги предаваше наставните дисциплини: математика за бизнис и статистика за бизнис. Од учебната 2005/06 е вонреден професор на Европскиот универзитет во Скопје.
Prof. Risto Malcheski, PhD
Prof. Risto Malcheski, PhD
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ