Асс. м-р Миле Крајчевски
Миле Крајчевски е роден во Скопје во 1954 г. Дипломирал на Математичкиот факултет во 1979 г., каде што бил избран за помлад асистент во 1980 г. Од 1985 д 1989 г. работел како асистент на математичкиот институт при ПМФ во Скопје. Од 1987 до 1988 г. бил на платено отсуство на докторски студии во САД, на State University of New York at Binghamton, кое се продолжило до 1989 г. работниот однос на ПМФ му завршил на 1 јануари 1990 г. Во 1994 г. ја одбранил дисертацијата со наслов Tilingsof the plane and Hiperbolic groups. Од 1995 г. работи како предавач на Универзитетот на Јужна флорида во Тампа, САД. Како асистент на Математичкиот институт, голем дел од примањата ги користел за набавка на странска литература. За одбележување е еден негов прекрасен гест: при неговата посета на Математичкиот институт, при што одржал предавање, ја подарил целата својаматематичка библиотека од 300 скапи странски книги на Библиотеката на Институтот.
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ