Упатство за запишување семестри преку iKnow системот
За користење на iKnow системот за студентите во прва година на Природно-математички факултет потребно е корисникот да се најави на веб апликацијата до која може да се пристапи преку адресата:http://www.iknow.ukim.edu.mk . За најавување ви се потребни следниве информации: корисничко име (е-маил адресата со која студентот се пријавил при запишување на факултетот) и лозинка (лозинката иницијално беше идентична со матичниот број на студентот, можеби некој студент веќе си ја прoменил лозинката при пријавувњето испити во Јануарската сесија 2012). Лозинката може да се промени при првата најава.
Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвара почетната страница за студентите. На неа се наоѓааат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бројот на индексот на најавениот студент. Во табот "Запишани семестри" од менито, има табеларен преглед на претходно запишаните семестри. Кај претходно запишаниот семестар (зимски 2011/12), кој сега треба да се заверува, имате опција во колоната ”Таксени” да внесете СМС код на таксена марка во противредност од 50 МКД која се однесува на заверката на тој семестар. Бидејки се' уште не е активна опцијата за плаќање преку СМС системот за таксени марки, ќе треба да донесете уплатница за таква таксена марка кога физички ќе ги депонирате документите за заверка на семестар. Службениците на студентската служба потоа ќе го заверат семестарот во зависност од вашите документи кои физички ќе ги депонирате и собраните потписи од професорите.
Во табот "Запишани семестри", во горниот дел се наоѓа опцијата за запишување на следниот семестар (летен 2011/12). Од листата понудени семестри го избирате следниот семестар. Опциите за насока, квота и вид на студии ви се предодредени според претходниот семестар кој сте го запишале. Доколку имате промена на овие податоци по разни основи, мора да се обратите на студентската служба. Откако сте ги избрале соодветните параметри, на копчето ”Внеси” го запишувате следиот семестар. Откако новиот запишан семестар ќе се појави прв во табелата запишани семестри, со клик на колоната ”Таксени” во редот од тој семестар се отвора прозорче во кое може да се внесуваат СМС кодови за таксени марки за уписот на тој семестар (опција што сеуште не е активна).
Откако ќе го запишете новиот семестар во табот "Запишани семестри", се упатувате на следниот таб "Предмети". Тука ги избирате предметите кои ќе ги следите во следниот семестар. Најгоре лево на формата е избран семестарот за кој ќе избирате предмети (летен 2011/12). Треба да ги изберете сите задолжителни предмети кои на вашата насока се слушаат во втор семестар, како и дел од изборните од тој семестар, ако има, но не повеќе предмети од вкупно 35 кредити по семестар. Во прва година нормално е да се следат 30 кредити по семестар. Оние предмети кои ги запишувате да ги следите, ги префрлате од левите листи во десните со помош на копчињата за лево/десно меѓу листите. Со секое префрлање на избран предмет од лево во десно се ажурира сумата за плаќање за тој семестар, сместена најгоре во средишниот дел на формата. Во прва година, после избор на соодветни предмети, сумата за плаќање треба да е 30 кредити одопсно 6300 МКД за студентите од државна квота и 12300 МКД за студентите со кофинансирање. Откако сите потребни предмети ќе се префрлат во десните листи, најдолу десно на формата со копчето “Запиши” сите избрани предмети ќе се запишат за тој семестар и ќе се појават во табела “Запишани предмети” во горниот дел на формата. Откако со копчето “Запиши” ќе ги запишете предметите, завршува електронскиот дел од запишувањето на следниот семестар. Вам ви останува физички да ги однесете документите за заверка на минатиот и запишување на следниот семестар на шалтерите на студентската служба, согласно упатството.
ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ ПРИ УПОТРЕБАТА НА iKnow СИСТЕМОТ ОБРАТЕТЕ СЕ СО ПОРАКА НА [email protected]

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ