Почетна > Огласна табла > Студентска страница
Студентска страница
Статус, права и обврски на студентот
Статус Статусот студент се стекнува со запишувањето на прв, втор и трет циклус на студии на Универзитет, а со тоа, тој станува и член на акдемската заедница. Статусот студент се докажува со студентска легитимација. Права и обврски на студентот Студентот има право на:
Студентот има право да:
Студентот има обврска да:
Правата од ставовите 1 и 2 и обврските од ставот 3 на овој член, студентот на единицата ги остварува во обем и според условите утврдени со Законот, Статутот и Правилникот на единицата. Заради заштита на правата на студентите на секој универзитет се формира студентски правобранител. Надлежноста, изборот и работата на студентскиот правобранител се утврдува со статутот на универзитетот. Студент може да студира на повеќе студиски програми (паралелно студирање), по интердисциплинарни или индивидуални студиски програми на една или повеќе високообразовни установи. Начинот и условите за студирање поблиску се уредуваат со статутот на високообразовната установа. Престанок на статусот на студент На студентот му престанува статусот на студент во високообразовната установа според условите и постапката утврдени со статутот на високообразовната установа. Статусот студент престанува, ако студентот:
Дисциплински мерки За повреда на должностите и за неисполнување на обврските, на студент на додипломски студии може да му се изрече дисциплинска мерка опомена, јавна опомена и исклучување. Дисциплинската мерка исклучување се применува за учебната година во која е изречена. Дисциплинските мерки ги изрекува комисијата за дицициплински мерки на соодветната високообразовна установа. Во составот на дисциплинската комисија еден член делегираат студентите на високообразовната установа на која е запишан студентот. Со статутот на универзитетот односно статутот на самостојната висока стручна школа се определува составот на дисциплинската комисија, начинот и постапката за утврдување на дисциплинската одговорност, мерките и условите под кои дисциплинската мерка се изрекува и правото на заштита на студентот. Постапката за дисциплинската одговорност се спроведува врз начелото на праведност и сослушување од страна на комисијата за дисициплински мерки. Учество во управувањето Студентите учествуваат во управувањето со високообразовните установи преку претставниците кои ги избираат во студенскиот парламент на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, студентскиот интеруниверзитски парламент, во органите на високообразовните установи, преку формите на самоорганизирање или на друг начин според условите утврдени со закон и статутот на високообразовната установа. Студенскиот парламент на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа и студенскиот интеруниверзитски парламент им овозможуваат на студентите остварување на заедничките интереси како партнери во процесот на високото образование. Учеството на студентите во органите на универзитетот, односно на самостојната високообразовна установа, во студентскиот парламент, прашањата за кои рамноправно одлучуваат, бројот, начинот на избор и другите прашања од значење за остварување на нивните права се уредуваат со статутот на универзитетот и правилата на единиците на универзитетот, односно со статутот на самостојната високообразовна установа. Учеството на студентите во интеруниверзитетскиот парламент, прашањата за кои рамноправно одлучуваат, бројот, начинот на избор и другите прашања од значење за остварување на нивните права, поблиску се уредуваат со статутот на интеруниверзитетскиот парламент. |
Новости и линкови
|
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ