Асс. м-р Сашо Калајџиски
Сашо Калајџиски е роден во Скопје во 1954 г. Дипломирал на Математичкиот факултет во Скопје во 1978 г., а магистрирал исто така на Математичкиот факултет во Скопје во 1983 г. на тема Подалгебри од полугрупи од некои многукратности полугрупи. За помлад асистент на Математичкиот факултет во Скопје бил избран во 1980 г. До 1985 г. работел како асистент на математичкиот институт на ПМФ во Скопје. До 1988 г. бил на специјализација во Канада. Работниот однос му престанал во 1989 г. Докторирал во Канада и сега е професор на еден од тамошните универзитети.
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ