Проф. д-р Ранко Бојаниќ
Ранко Бојаниќ е роден во 1924 година. Бил стипендист на кралевската гимназија. Докторирал во 1953 г. во Белград на тема од асимптотиката на диференцијалните равенки. Работел на Математичкиот институт на САНУ како научен соработник. Поканет е да работи на Математичкиот институт во Скопје, а неговиот избор за доцент е потврден на 1 јули 1954 година. Работел до 1956 година, кога по сопствена молба е разрешен од должноста. Работел две години на универзитети во Индија, а потоа непрекинато е професор во САД. Во Скопје предавал функции од комплексни променливи, диференцијално и интегрално сметање, математика 1 (за хемичари).
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ