Асс. Маријан Малезановски
Маријан Малезановски е роден во Титов Велес во 1956 г. Дипломирал на ПМФ во Скопје во 1978 г., а со нострификација на диплома во 1984 г. се здобил со степен специјалист по теориска математика. Избран е за помлад асистент на Математичкиот факултет во 1979 г. До 1986 г. работел на ПМФ во Скопје како помлад асистент. На специјализација во САД бил од 1 јануари 1982 до 1 јануари 1983 г. Отсуството му било продолжено до 1 јануари 1984 г., за постипломските студии на Универзитетот во Лексингтон, Кентаки, САД. Таму се вработил, а работниот однос на ПМФ му престана на 16 септември 1986 г. Повеќе не се вратил во Македонија.
Copyright © 2015 ИМ-ПМФ