Пријавување на испити преку iKnow системот
За користење на iKnow системот за студентите на Природно-математички факултет потребно е корисникот да се најави на веб апликацијата до која може да се пристапи прекуwww.iknow.ukim.edu.mk За најавување ви се потребни следниве информации: корисничко име (е-маил адресата со која студентот се пријавил при запишување на факултетот) и лозинка (матичен број на студентот). Лозинката може да се промени при првата најава. Откако ќе се најавите на системот, пред вас се отвара почетната страница за студентите. На неа се наоѓаат активни соопштенија кои биле поставени од факултетот. Главното мени за навигација се наоѓа на горниот дел од страницата веднаш под името, презимето и бр. индекс на најавениот студент.
Втората опција од менито ве води на страница на која можете да ги видите вашите лични податоци кои се внесени во системот при запишувањето. Третата опција е "Запишани семестри". На оваа страница студентот има увид во тоа кои семестри му се веќе запишани. Во табот "Предмети" студентот има увид во запишаните предмети во семестрите кои ги запишал. Во табот "Испити" може да има увид кои предмети му се внесени во системот како положени и која е соодветната оценка која ја има добиено за нив. Во табот "Пријави" студентот има можност да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Од листата со веќе слушани предмети треба да се избере професорот кај кој е слушан предметот и ќе се полага и да се штиклира квадратчето во колоната "Пријави". Одкако ќе ги штиклирате сите предмети кои сакате да ги пријавите, кликнете го копчето "Пријави". Во табелата со пријавени испити, кај секој пријавен испит се појавува сериски број на пријавата.
НАПОМЕНА: Серискиот број на електронската пријава задолжително треба да се впише на хартиената пријава која студентот ќе ја поднесе физички на факултетот. Серискиот број треба да се напише на горниот десен агол од пријавата, на нејзината задна страна. Оваа опција ќе биде задолжителна за летниот испитен рок, бидејќи пријавувањето во зимскиот испитен рок е завршено.

Copyright © 2015 ИМ-ПМФ